Кога станува збор за зимска свадба, нема ништо поелегантно од луксузно болеро од крзно врз гламурозен невестински фустан.
Без разлика дали станува збор за вистинско или пак вештачко крзно, со вакво болеро ќе се чувствувате како кралица, онака како што заслужувате.
Доколку имате поголем буџет изберете бело крзно кое ќе може да го користите и понатаму во животот, а кое на вашата свадба ќе направи да изгледате како филмска дива. Еве ви неколку предлози и модели за болеро од крзно:





