Минималистичкиот normcore во стилот на Џил Сендер, се уште е во мода, а за тоа е најзаслужен camel капутот кој се чини ги инспирираше дизајнерите да нурнат длабоко во сите нијанси на оваа топла и отмена боја, која прави вашата облека да изгледа скапоцено и елегантно.
Така добивме серија на беж парчиња во ванила, капучино нијанси, а во дефилето на беж креации предводи Александар Ванг, Стела МекКартни и Филип Лим, кои докажаа дека неутралната палета е се, само не досадна.