ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 багет
* 60 г путер (омекнат)
* 4 чешниња печен лук (ситно исечкан)
* рузмарин (ситно исечкан)
* сол
* црн бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени, а тавата покријте ја со хартија за печење.
Во еден сад ставете ги путерот, лукот, рузмаринот, солта и црниот бибер и измешајте ги убаво да се соединат.
Багетот исечете го на кришки од 3 милиметри. Потоа намачкајте ги со смесата од путер и печете ги во загреаната рерна 10 минути, додека да добијат убава кафена боја и да станат крцкави. Послужете ги топли или оладени по ваша желба.
