Дајана Луманс е американска писателка и оснивачка на Quantum Life институтот. Пионер во областа на консалтинг во доменот на човечки ресурси повеќе од две децении и стекна голема репутација како динамичен презентер со редок спој на срцето и душата која на посебен начин ги инспирира слушателите и го буди најдоброто во нив.
Ви пренесуваме сегмент од нејзината книга “100 Ways to Build Self-Esteem & Teach Values”.
“Кога би можела повторно да го одгледувам моето дете,
Повеќе би боела со прсти, наместо да го вперувам прстот во него.
Помалку би го исправувала, а повеќе би воспоставувала врски со него.
Би го тргнала погледот од часовникот, и повеќе би гледала во него.
Би се погрижила за тоа помалку да знам, а повеќе да се грижам.
Би одела на повеќе излети и би пуштала змејови.
Би престанала да глумам сериозност и сериозно би си играла со него.
Би трчала низ повеќе полиња и повеќе би ги гледала ѕвездите.
Пвеќе би го прегрнувала, а помалку би го влечела.
Поретко би била строга, а повеќе работи би му признавала.
Најпрво би му изградила самодоверба, а потоа куќа.
Помалку би го учела за љубовта према моќата, а повеќе за моќта на љубовта.
И без оглед на тоа дали е моето дете мало или големо, од денеска ќе се однесувам така”.