ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
10 мали јаболка
1 кг шеќер
10 стапчиња долги 20 см
црвена боја за колачи
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јаболката добро измијте ги, исчистете ги и на средина ставете им стапче.
Карамелизирајте го шеќерот додека не добиете бледо жолта боја. Додајте ја црвената боја и тргнете ја смесата од оган.
Убаво поминете ги јаболката во смесата и ставете ги на плех со хартија.
Прелијте ги со остатокот.
