Здраво тело

Здрав оброк од чиа за 10 минути

Ако кујната не ви е омиленото место во домот, а сакате да јадете нешто благо и здраво тогаш лесно може да го решите проблемот со семе од чиа.

Ова семе освен тоа што содржи многу корисни растителни влакна може да го намали холестеролот и да ја спречи апсорпцијата на масти.

Затоа пригответе нешто брзо и вкусно.

Ќе ви бидат потребни:

  • 170 гр малини или капини
  • 1 ½ шолја бадемово млеко
  • ¼ шолја чиа семе
  • 2 до 3 исечкани бадеми
  • Мед по вкус

Начин на подготовка:

Со помош на виљушка убаво испасирајте ги капините. Додадете го млекото, чиа семето и малку мед. Се помешајте и оставете добро да отстои десетина минути. На крајот додадете ги бадемите и украсете со неколку капини или малини.

Напиши коментар