Дестинации

Земја на различностите – Малезија

Малезија – земја на три нации, три цивилизации, три религии поврзани на просторот од северната граница со Тајланд  до островот Борнео, кое го дели со Индонезија.

Малезија се протега од јужниот дел на Азија до Индонезија и Австралија. Поголем дел од полуостровот е покриен со густи џунгли, особено планинскиот слабо населен дел. На западната страна на земјата се наоѓа плодна земја која се протега до морето, додека источната е повеќе степска, со своите прекрасни песочни плажи. Малезија неодамна прослави 50 години од своето постоење, а главната формула која Малезијците, Кинезите и Индијците ги држи заедно во федерацијата на 13 држави и три федерални територии и со над 27 милиони жители стара колку и светот – економскиот интерес.

Кога станува збор за климата на Малезија, треба да се забележи дека постои голема влага и температурата е постојано околу 35 Целзиусови степени, што испарувањата ги прави уште поголеми.

Малезија може да се опише како мешавина од старо и ново. Возејќи се во главниот град, Куала Лумпур, ќе видите изронети кинески улици и фотуристички згради, како оние во филмовите со научна фантастика.

Што е уште поинтересно за Малезија е фактот дека различните култури, раси и религии живеат во мир во територјалната област. Речиси секојдневна глетка се плажите на кои шетаат дами во оскудни бикини, во близина на покриените дами, според исламскиот закон, кои често носат и превез преку лицето.

Кога зборуваме за храна, Малезија нуди една од најдобрите кујнски асортимани во светот. Сепак, убавината на нивната кујна е фузија на вкусови на бројните земји и националности.

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

ZEMLJA RAZLIČITOSTI - MALEZIJA

 

Напиши коментар