Sweet Home

Zen Nirvana – егзотичен дом на островот St. Barts

Вилата Zen Nirvana, сместена на овој преубав остров, ќе ги насочи Вашите мисли кон вистинско уживање во одморот и безгрижност…

Поседува 5 спални соби и 6 купатила. Ентериерот е направен во егзотичен стил, за самата вила во потполност да се прилагоди на своето опкружување. На главниот спрат, сместена е пространа дневна соба, која има излез на тераса, со поглед на море, која воедно се користи и како идеална трпезарија, со преубав поглед на море…

Во вилата има модерна технологија, која е присутна, со цел, целата експедиција да има врвна забава. Надвор е сместен ладилник за вино како и „ ice maker“, спремен да ги разлади жешките денови.

Write A Comment