Мода

Жолтата боја е секогаш во тренд

Една од светлите бои кои ќе ви го направат денот поубав е жолтата! Совршена за веселото лето, не плашете се да ја вметнете бојата на сонцето во своите летни комбинации. А ако не знаете како да го направите тоа, погледнете ги нашите предлози.

Земете ги предвид сите нијанси на жолта – боја на сенф, лимон, сончоглед, флуросцентно жолта – сигурни сме дека ќе ја најдете нијансата која ќе ви се допадне и во која ќе изгледате добро. Играјте си и со комбинирањето бои – ако сакате да изгледате поелегантно, комбинирајте ја жолтата со неутрални бои како беж и бела, а ако сакате да изгледате повпечатливо, комбинирајте ја со кралско сина, циклама или зелена. Инспирирајте се:

Напиши коментар