Симфонија во бело или зимска свадба. Зимата или сезоната на нашата детска радост може лесно да се трансформира во сезона на семејна среќа.
Многу луѓе избегнуваат да склучат брак во зима поради студот но има многу причини зошто да го кажете судбоносното ДА точно во текот на оваа сезона.
Ледот и студеното време надвор можат да бидат стопени од вашата љубов. Можете да бидете зимска принцеза и да ја направите својата свадба – декорација на масите, цвеќето, подароците, тортата, снежна приказна која ќе ја помните цел живот.
Денес решивме да ви понудиме неколку идеи за зимска свадба во бели, сини и сребрени нијанси.