Паѓањето на косата кај бебињата кратко по пораѓањето,е сосема нормална појава која не треба да ве загрижува. Причината е од хормонална природа. Понекогаш опаѓањето на косичката може да биде знак дека се работи за некој проблем со исхраната, односно дека на детето можеби му недостасува железо во крвта.
Паѓањето на косата кај бебињата, кратко по пораѓањето е сосема нормална појава која не треба да ве загрижува. Причината е од хормонална природа.
Пред раѓањето бебето имало многу високо ниво на хормони во своето тело кои доаѓале во неговото тело преку постелката, а после раѓањето нивото на хормони многу брзо почнува да опаѓа. Воведувањето на хормонална рамнотежа привремено го спречува растот на бебешката коса, а кај многу бебиња доаѓа и до целосно опаѓање на косата со која се родени.
Многу брзо откако косата ќе падне, нова почнува да расте. Кратко време, детската коса може да изгледа доста нерамномерна, но новата, посилна коса многу бргу ќе ги прекрие местата кои се без коса.
Кај бебињата често се појавуваат подрачја без коса, таканаречени „крпенки“ до кои доаѓа поради спиење во иста положба. Тоа е обично дел од главчето кое бебето го трие од душекот или седиштето во автомобилот за време на спиењето, па поради тоа нежната и тенка коса паѓа.
Што да преземете кога косата ќе започне да опаѓа?
Тогаш многу малку можете да направите, бидејќи тоа е сосема нормален развоен процес низ кој детскиот организам мора да помине.
Кога да се загрижите?
Доколку бебето и понатаму губи коса и откако пораснала новата, посебно после 6тиот месец, тогаш обратете се кај својот педијатар. Понекогаш опаѓањето на косичката може да биде знак дека се работи за некој проблем со исхраната, односно дека на детето можеби му недостасува железо во крвта.
Што да направите доколку бебето е сосема ќелаво?
Ако е утврдено дека бебето е здраво, ви останува само да уживате во едноставното миење на главчето без коса. Доколку бебето има многу малку или воопшто нема коса, тоа не значи дека ќе има малку коса и подоцна, туку само дека треба да помине повеќе време!
