Новости

Зошто Швајнштајгер сè уште не ја ожени Ана Ивановиќ?!

За нивната врска јавноста дозна во месец септември, во 2014-та година. А коментарите уште тогаш беа дека добивме уште еден неодолив спортски пар.

И иако за многумина тие двајца на прв поглед изгледаа неспоиво, со текот на времето повеќето се уверија дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се како создадени еден за друг. Набрзо следеше и нивната веридба, а потоа секако и најавата за венчавката којашто според првите наведувања, требаше да се случи вчера. Но, од нивната свадба нема ниту трага ниту глас, а тоа значи дека сè уште се чека на таа спектакуларна венчавка.

Најпрво се претпоставуваше дека венчавката ќе се случи во Белград, на 5-ти јуни. Но дали поради тоа што медиумите ги открија нивните планови или поради некоја друга причина, венчавката била откажана. А набрзо застанаа и сите приказни во врска со нивната венчавка.

Но, никаде не е напоменато дека свадбата е дефинитивно откажана. Напротив, Ана и Бастијан изгледаат позаљубено од било кога.
Дури и фудбалерот на Манчестер Јунајтед наишол на критики од тренерот дека поради љубовта со убавата тенисерка ја запоставува својата кариера.

А потоа, како гром од ведро небо се јави веста дека Ана е бремена. “Стомачето” на заносната бринета во тоа време беше доволна причина за шпекулациите во врска со бременоста да ги поплават медиумите. Но, “гласините за бебето” завршија само на гласини.

Венчавка во Венеција? Тоа е последната трага за свадбата којашто многумина со нетрпение ја очекуваат. И таа венчавка требаше да се случи токму вчера. И погодувате, ниту тоа не се случи.

Нивната свадба сè уште се очекува со нетрпение, но она што е секако најважно е дека љубовта на Ана и Бастијан е и понатаму онаква каква што и беше на самиот почеток – голема и вистинска, без разлика дали тие наскоро ќе ja официјализираат или не.

И кој знае, можеби тие двајца и ќе нè изненадат на најубавиот начин, бидејќи едно е сосема сигурно – тенисерката и фудбалерот сакаат да го кажат она најважното и судбоносно “да”, далеку од очите на јавноста.

 

Напиши коментар