Motherhood

Зошто зборовите МАЈКА И ТАТКО звучат слично на сите јазици

Многу зборови кои звучат слично може да имаат комплетно различно значење на друг јазик.

Многу зборови кои звучат слично може да имаат комплетно различно значење на друг јазик. Но, зборовите за „мама“ и „тато“ звучат слично на многу јазици кои не се никако поврзани меѓусебно.

Така, „мама“ во многу јазици значи исто како и на македонски или пак има сличен термин, како „нана“. Зборот за „татко“ честопати се наоѓа како „папа“ или „баба“, а се наоѓа и во варијации со д или т, како „дада“ или „тата“.

Ова не е изненадувачки за европските јазици, како романските или германските. Сепак, овие јазици потекнуваат од еден, протоиндоевропскиот јазик. Меѓутоа, што станува со свахили, кадешто се користат „мама“ и „баба“ или тагалогскиот со „нанај“ и „татај“? Мандаринскиот ги има „мама“ и „баба“, исто така. Ескимците велат „анана“ и „атаата“, а во Ел Салвадор се користат „наан“ и „татах“.

Одговорот лежи во бебињата и начинот на кој тие започнуваат да зборуваат. Лингвистот Роман Џејкобсон открил дека бебињата започнуваат да зборуваат на таков начин што произведуваат звуци како „маах“, а подоцна и „папа“, „баба“ или „дада“. Така, зборовите „мама“ и „тато“ го добиле значењето кое го имаат сега во голем дел од јазиците.

Напиши коментар