Кожната јакна е дефинитивно едно од оние парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода. Жените кои ја носат оставаат впечаток на моќни, јаки и секси дами.
Истражувањето кое беше спроведено од Who What Wear ни обезбеди резултати за кои парчиња облека ја прават жената попривлечна – гледано од машка перспектива.
За среќа, поголемиот дел од нив најверојатно ги поседува секоја жена.
1.Краток црн фустан
Идеален за посебни прилики и за секојдневни настани, црниот фустан е секогаш правилен избор. Секогаш бил и ќе остане неопходен во ормарот на секоја жена.
2. Високи штикли
Секоја жена треба да поседува барем еден пар штикли. Тие го прават женското тело визуелно по витко а нозете подолги и потенки.
3. Нешто црвено
Постојат одредени парчиња и бои кои ја нагласуваат женската сензуалност, таков пример е црвената боја. Голем број истражувачи тврдат дека жена во црвено привлекува многу погледи. И само црвен кармин би го предизвикал истиот ефект.
4. Голи рамења
Фустаните или блузите со откриени рамења посебно го привлекуваат вниманието на мажите. На овој начин жената не открива многу, но доволно за да ја заскокотка машката имагинација.
5. Фустан кој е припиен за телото
Тајната за да сте секси а не вулгарна е во тоа да не откриете се одеднаш. Фустан кој ги следи облините на вашето тело самиот е доволен за сигурно да бидете забележани – заборавете на прекратките здолништа и предлабоките деколтеа.
6. Кожна јакна
Кожната јакна е дефинитивно едно од оние парчиња кои никогаш не излегуваат од мода.
7. Чипка
Тешко дека ќе пронајдете материјал кој е поромантичен и женствен од чипката! Само не треба да претерувате. Нема поента во тоа да се покриете од глава до пети во чипка, доволен е само по некој детал.
8. Отворен грб
Блузите или фустаните кои имаал гол грб, накратко кажано, го привлекуваат вниманието на секој маж.
9. Фармерки и бела маица
Често наједноставното е во суштина и најубаво. Тесни фармерки и едноставна бела маица ( со или без ракави) се секогаш полн погодок.
10. Спортска облека
Не само што жените најдобро и најудобно се чувствуваат во тренерки или хеланки, туку и мажите овие комбинации ги сметаат за најпривлечни. Патиките се закон!
