Ѕирнете во своите фиоки и полици и ќе најдете најмалку десетина непотребни работи. Наместо да ги чувате и да чекате да ви затребаат, подобро да ги отстраните на врeме и да создадете убаво организиран простор.
Секако, пред тоа одделате ги работите кои ви се навистина потребни.
Ова е листата на предмети кои треба итно да ги исфрлите од домот:
– Празни кутии од сладолед
– Минатогодишниот календар –не само што не е потребен, туку и симболично не враќа во минатото
– Промотивен материјал кој сте го добиле бесплатно со некој оброк
– Списанија кои не сте ги ни прочитале и само ви прават неред во домот
– Пенкала и останат канцеларијски материјал кои дури веќе и не работат
– Чај со поминат рок, неупотребливите работи од фрижидерот , како тегли, работи завиткани во фолија, кесички од кечап, мајонез… Лекови со поминат рок.
– Стари батерии, стари дискови кои не успеале да ве насмеат и да ви го променат животот
– Влезници за концерти, филмови и останати места на кои дури не се сеќавате дека сте биле
– Празни шишиња од вино и други пијалоци, лименки и пластични чаши
– Скршени фигури, рамки за слики.