Дека се наоѓа во Италија најверојатно знаете, но следните факти за една од најмалите држави во светот најверојатно не сте ги знаеле:
1. Според пописот од 2013 година во Сан Марино вкупно живеат 35.450 жители.
2. Градот Сан Марино воедно е и главен град на државата Сан Марино, но најголем град е Догана.
3. Сан Марино е петта најмала земја во светот, а трета во Европа (по Ватикан и Монако).
4. Државата уште во 301 година пред новата ера ја основал клесарот Марин (свети Марин) од островот Раб, па таа се смета за најстара република во светот.
5. Речиси целиот Апенински Полуостров се соедини во 1861 година, но Сан Марино остана независен.
6. За време на Втората светска војна државата ја задржа неутралноста.
7. Првата демократска избрана комунистичка власт била токму во Сан Марино и тоа од 1945 до 1957 година.
8. И покрај фактот што средството за плаќање е евро, државата не е членка ниту на Европската унија, ниту на Еврозоната.
9. Иако државата има своја војска, за евентуална одбрана на земјата задолжена е италијанската војска.
10. Спортисти на Сан Марино настапувале на 12 летни и седум зимски олимпијади и никогаш не освоиле медали.
11. Храната е слична како и во италијанската регион Емилија Романа, но особен специјалитет тука е „Торта Тре Монти“.
12. Што се однесува до лебот, тука покрај јадењето најчесто ќе добиете „пиадина“.