Чистењето на кожата на лицето со пареа е природен третман кои често се користи и е доста ефикасен затоа што ја омекнува кожата ги отвара порите и помага во чистењето на насобраната нечистотија. Овој третман може да се прави кај сите типови на кожа, но не треба да се претерува со неговата употреба. Препорачливо е да се прави еднаш до два пати неделно. Лицата кои страдаат од астма и алергии на билки и сл. треба да ги одбегнуваат ваквите третмани. За правилно да го направите овој третман а притоа да дојдете до саканите ефекти на чиста кожа и неодолив здрав сјај на лицето треба да ги направите следниве постапки:
– Најправин темелно измијте го лицето. Измијте го убаво и со млака вода за да ги отстраните маснотиите и нечистотиите по лицето.
– Потоа зовријте вода во широко тенџере. Можете по желба во водата да додадете и етерични масла, масло од еукалиптус или чајно дрво, или пак некои билки како камилица, лаванда, нане, тенки парчиња од лимон и сл.
– Откако ќе зоврие водата соберете ја косата наназад и земете една крпа. Наведнете се над водата и со крпата не дозволувајте пареата да ви бега. Држете така 10-15 мин. Затворете ги очите, дишајте длабоко и релаксирајте се.
– На крај избришајте го лицето нежно без да ја триете кожата, и измијте го со млака вода за да ги затворите порите. За да добиете мека и нежна кожа може да се намачкате со крема за хидратација.
