Сите сакаат да ги посетат Париз, Лондон, Рим… познатите европски метрополи, но забораваат дека постојат не толку познати места што нудат исто така богати содржини, а неретко за многу пониска цена. Затоа, следен пат кога ќе рамислувате да прошетате низ Европа, имајте ги на ум овие дестинации:

Лакост, Франција
Лакост се наоѓа во Прованса, на околу 40 км од Марсеј, каде е лоциран дворецот на маркизот Де Сад од 17. век. Околу има бројни винарии со лозја каде може да пробате француско вино.

Сари, Англија
Сари е на два часа возење од аеродромот во Манчестер, а датира од 14. век. Се препорачува како одлична дестинација ако сакате одмор и релаксација. Местото изобилува со историски и културни споменици, особено за љубителите на книжевноста.

Ротенбург, Германија
Овој град во Баварија се наоѓа на еден час возење од Нирнберг. Станува збор за најдобро зачуваниот средновековен град во Германија и изгледа како место од бајките. Кули, камени улички, стари градби… сево ова може да го најдете во Ротенбург. Иако местото магепсува во секој период од годината, се препорачува да го посетите околу Божик бидејќи таму се одржува богат божикен панаѓур.

Бриж, Белгија
Од Брисел до Бриж се стигнува за само ча и пол возење. Можеби ова е еден од попознатите градови на оваа листа, но сепак често занемарен во споредба со популарните дестинации во Европа. Најдобро е да го разгледате градот на велосипед за да ја почувствувате атмосферата и да ја впиете средновековната архитектура. Посетете го Езерото на вљубените, хранете лебеди или ѕирнете во Музејот на чоколада.

Берген, Норвешка
Од Осло до Берген се патува еден час со авион, а со воз ќе ви треба повеќе време, но попатно ќе уживате во прекрасните предели на Норвешка. Овој град постои од 1070 гоина, а денес е дестинација што нуди богат забавен и културен живот, со мноштво фестивали и настани. Секако, атракција се и разнобојните куќи и останатата фасцинантна архитектура.
