Motherhood

Како децата влијаат на односот помеѓу сопружниците?

Стапица за емотивна врска- Многу е важно но и тешко да се одржи сооднос меѓу овие улоги. Ако парот премногу време поминува во улогата на страсен љубовник, а помалку како родител, детето ќе биде занемарено. Тоа може да се случи ако парот е нестабилен, ако еден од нив времето го поминува како љубоморен маж или жена, не стигнуваат да бидат мајка или татко.

Емоционалното одалечување на парот се одвива полека и постепено неприметно. Кога ќе се роди детето мајката во првата година дена потполно се посветува, а многу поинтензивно во следните 3 години, 4 години додека трае примарна психолошка симбиоза. Вниманието, кое претходно било посветено на мажот, сега е наменето на детето. Мажот од друга страна тоа го прифаќа и се фокусира на својата млада фамилија да обезбеди што подобри услови за живеење.

Write A Comment