Кога можеме да си играме со додатоците и да ги вклопуваме на нашиот стил, тогаш најдобро може да се изразиме.
Кожените додатоци како да ја нападнаа оваа сезона, па се вистински моден погодок за сите кои сакаат да бидат во тренд, но и се класика кога се работи за изборот на елегантните дами. Тие не само што ќе ви ги заштитат рацете од студот, туку и ќе ја разбијат монотонијата на зимскиот изглед.
Ако сте смели и сакате да експериментирате, тогаш имате многу избор, од ракавици во боја, украсени со нитни, циркони, додека за вас елегантни дами тука се совршените кожени ракавици украсени со панделка. Носете ги со вашиот омилен џемпер, не мора секогаш да одговараат на палтото и да се сосем различна боја од целосниот аутфит повторно нема да погрешите додека се доволно впечатливи. Кожените ракавици се моден погодок за оваа зима.