Убавина

3 начини за брзо и лесно да го освежите изгледот на пунџата

Пунџите се дефинитивно еден од омилените начини за стилизирање на косата, а причината за тоа е едноставна – се прават брзо и лесно и се вклопуваат во секој моден избор и за секоја прилика. Сепак, мора да признаеме дека обичните пунџи може да бидат здодевни и од време на време посакуваме да ги освежиме и да ги направиме на некој нов начин.

Затоа, денес ви откриваме 3 едноставни начини, во неколку потези, да го освежите изгледот на пунџата.

Лажни шишки – Колку пати ви се случило да размислувате да ги скратите шишките, но да се плашите како ќе ви стојат. Добра вест е дека не мора навистина да ја шишате косата. Можете едноставно да направите лажни шишки. Со висока пунџа која ќе ги сокрие трагите од вашиот трик ќе изгледате одлично, а вашата пунџа ќе добие потполно нов шмек.

uplofsdfasfad

Плетенка во пунџата – Исклучително едноставен начин да го освежите изгледот на пунџата! Ќе изгледате како со часови да сте ја правеле, а всушност потребни ви се само неколку минути.

Навистина е едноставно – фатете ја косата во опавче, исплетете плетенка по избор – може да биде обична, контра, жито, коноп или некоја друга варијанта – а потоа замотајте ја околу ластичето, формирајте пунџа и прицврстете ја со шноли.

1456178522-upldsfsdfoad

Неуредни прамени – Ова е особено лесно! Направете ја вашата вообичаена пунџа, а потоа со прстите лесно извлечете прамени околу лицето и пуштете слободно да паѓаат. Доколку сакате може благо да ги навиткате со фигаро. Ќе добиете еден малку неуреден, лежерен изглед за дневна варијанта, а сигурно ќе изгледате поинаку.

gallery-1456245156-uplodfsfsdfad

Напиши коментар