Мирисот на жената е едно од најважните оружја во освојувањето на мажот. Изборот на идеалниот парфем кој ќе одговара на карактерот на жената, како и во одредена прилика, е првиот чекор.
По одбирањето на омилените мирисни ноти кои ќе ве инспирираат, важно е да ја одберете и концентрацијата на парфемот која најдобро ќе ви одговара.
Но, без разлика на концентрацијата на парфемот, постојат неколку начини на кои можеме да ги нагласиме мирисните ноти и да го продолжиме траењето на парфемот.
Не е сеедно каде го чувате парфемот
Доколку сакате вашиот омилен парфем да трае подолго, не го чувајте во бањата или на некое друго влажно и топло место. Жештината, светлината и влагата ќе го намалат квалитетот на парфемот, а можат и да влијаат на промена на мирисните ноти. Подобро чувајте го на суво и пријатно место и избегнувајте во близина на прозори.
За заводливо миризлива коса
Освен на зглобовите на рацете и вратот како најзаводливи делови од телото на секоја жена, парфемот ќе има долготраен мирис и доколку го нанесете на коса. Најдобар начин за да го нанесете е со парфем да ја напрскате четката за коса, а потоа со неа да ја поминете косата.
Маслото го продолжува траењето на мирисот
Жените со помасна кожа подолго го задржуваат мирисот на парфемите. Затоа, доколку имате сува кожа, нанесете маслена база на телото која ќе ја храни кожата и ќе го продолжи мирисот на парфемот.
Парфемот нанесете го на топли места
Кога нанесувате парфем, одберете неколку подрачја со пулс (вратот, над папокот, под лактот, зглобовите) на кои ќе го нанесете парфемот. Ова се најтоплите подрачја кои ќе овозможат мирисот да се прошири по целото тело и да потрае во текот на целиот ден.
Миризливи стапчиња
Доколку ве мрзи да го носите целиот парфем со вас, идеален трик е да напрскате стапиња за уши, да ги спакувате во вакум кесички и во текот на денот со стапчето да се допрете на посакуваниот дел од телото.