Убавина

5 фризури кои ќе ги носиме ова лето

Ни пристигнува голем „update“! Новите трендови за коса се пред нас, што значи дека сега е вистински време да ја пронајдете идеалната фризура за вас и да се осмелите да направите промена.

Подготвивме 5 слатки типови на фризура кои ќе ви го освежат изгледот и не постои ниту еден изговор да не пробате некоја од овие фризури.

Шишки

Хит се оваа година и тоа е дефинитвно. Треба само да се осигурате дали ви стојат добро, ако е така не знаеме што чекате…!

Природни локни

Оваа фризура од претходната сезона останува во игра. Ишишајте ја косата степенесто и во долг паж за да дојде текстурата до израз.

Паж на француски начин

Ако во 2016 владееше долгиот паж, сега сите очи се поставени кон француската елеганција – краток паж инспириран од 20-тите години на минатиот век. Блескајте во француски стил.

Степен

Степенеста фризура за природен изглед, за оние кои не се откажуваат од долгата коса.

Елегантен лоб

Долгиот паж нема да ја напушти 2017 година, ама ќе биде малку порасположен за експериментирање.

Write A Comment