Мода

5 модели на фустани кои мора да ги имате во вашиот орман

Фустанот е навистина посебен дел од облеката. Во него можеме да бидеме што сакаме – професионална успешна жена, заводлива и секси, тренди девојка, романтична убавица…

Ако го одберете вистинскиот фустан целиот свет може да биде ваш!

Веруваме дека во вашиот орман имате неколку омилени фустани, но треба да знаете дека постојат 5 клучни модели кои секоја жена треба да ги поседува.

Погледнете за кои модели станува збор и дополнете си ја колекцијата.

1. Мал црн фустан – Воопшто не е чудно што овој фустан се наоѓа на првото место на сите топ листи кога станува збор за облекувањето. Тој е вечен, класичен и со него нема грешка. Малиот црн фустан е спас за сите ситуации и може да се носи во сите прилики – од градска прошетка до гламурозна свадба. Одберете модел кој вам најмногу ви одговара!

2. Гламурозен и свечен – Во принцип ретки се приликите кога присуствуваме на многу свечени настани со многу фотографи, камермани и црвен тепих. Но зошто барем еднаш во животот да не се чувствуваме како холивудски диви. Исполнете го еднаш вашиот хир и купете фустан „од милион долари“ кој освојува на прв поглед.

3. Впечатлив – Секоја од нас треба да поседува барем еден впечатлив фустан во кој ќе се чувствувате како дива. Тој треба да е поинаков и да, треба да биде исполнување на сите ваши луди замисли за фустанот. И зошто да чекате некоја посебна прилика? Облечете го баш денес на кафе со пријателката – секој ден е посебна прилика.

4. Деловен – Се разбира, деловното опкружување бара посебен стил на облекување и во канцеларијата едноставно не можете да отидете во краток секси или долг свечен фустан. Затоа секоја од вас треба да поседува еден деловен фустан со класичен крој кој не открива многу, изгледа професионално, но и понатаму ја отсликува вашата личност. Не мора да биде во досадни неутрални бои. Слободно одберете посилни нијанси и сигурни сме дека ќе оставите одличен прв впечаток.

5. Опуштен и женствен – Фустанот со длабок струк на фалти е уште едно парче облека кое мора да го поседувате во вашиот орман. Во него ќе се чувствувате нежно, женствено и заводливо на еден суптилен начин. Во зависност од должината можете да го носите на работа, но и за излегување.

 

Напиши коментар