Motherhood

5 вознемирувачки трендови во пред тинејџерската возраст

Зборуваме за малите деца или пак тинејџерите, но што е со оние деца кои се помеѓу овие две групи. Пред тинејџерската возраст односно децата од 11 до 13 години е можеби клучната возраст кога родителите треба да посветат големо внимание за воспитување и контрола на децата.

Ова се потенцијалните вознемирувачки трендови кај децата на оваа возраст.

  1. Фомо – знаи fear of missing out или стравот да не пропуштат нешто. Опседнатоста со сите облици на комуникација прави да имаат страв дека нешто ќе пропуштат ако не се слушнат со пријателите преку телефон, интернет, социјални мрежи итн. Тоа пак значи дека тие стравуваат дека доколку не бидат присутни другарите ќе ги отфрлат.
  2. Секси гардероба – ако забележите се повеќе се продаваат секси парчиња за децата во оваа возраст. Немојте да им дозволите на децата да носат ваква гардероба, бидејќи тие пред се не се свесни за сексуалноста и нејзината моќ.
  3. Депресија – децата во оваа возраст може да имаат нарушување во исхраната и рано покажуваат деструктивно однесување. Тоа можеби е така бидејќи ги попримаат навиките од своите другари.
  4. Сексуални односи – еден психолог изјавил дека во изминатите пет години кај децата од оваа возраст значитено се променети ставовите за разлика од минатото. За жал се поголем тренд е оралниот секс. Тинејџерите така мислат дека технички остануваат невини, но ризиците за болести се уште постојат, а тие не се свесни за тоа. Родителите треба да работат со своите деца и правилно да ги едуцираат на оваа тема.
  5. Разубавување – за некои  минати генерации одењето на фризер беше врв  на разубавувањето. Но денеска децата во пред тинејџерската возраст, сакаат да одат на фризер, да се фарбаат, да одат на депилација, педикир и слично. Најверојатно тие растат брзо а тоа има своја цена.

Напиши коментар