Cafe Del Mar

Антицелулитна диета

Треба да одберете диета чија енергетска вредност одговара на потребите на организмот, а посебно внимание треба да се посвети при изборот на намирници и начинот на нивното приготвување.

Антицелулитната диета има за цел да му помогне на организмот да се ослободи од отровните материи. Оваа диета нема за цел да одзема калории, туку да се конзумира храна која може лесно да се свари.

Јадења на кои им се дава предност:

  • Зеленчук: најдобро е свежо или варено;
  • Овошје: свежо или во вид на овошен сок;
  • Салати: да бидат зачинети со чисто природно растително масло и вински оцет или сок од лимон;
  • Сокови: од свеж зеленчук;
  • Jајца: варени или пржени на растително масло;
  • Јогурт: без варено овошје или со додаток на свежо овишје и житарици
  • Млеко:
  • Месо, риба и пилешко месо (без маснотии, варено или печено)
  • 6 до 8 чаши вода на ден
  • Сушен пивски кавсец: две лажички изматени со овешен сок, да се испијат 15 минути после јадење

Препораки:

–         Никогаш не јадете брзо;
–         Избегнувајте активности за време на јадењето, како на пример гледање телевизија;
–         Јадете секогаш во исто време бидејќи така желудникот најдобро функционира;
–         Секогаш уживајте во јадењето;

Некои јадења ќe треба да ги избегнувате: колбаси, сланина, закуски, солено месо, солени сирења, пржена храна, газирани напитоци, павлака, кренвишли, конзервирани супи, јаки зачини и зачинети јадења, многу кафе.
За побрзо и поуспешно отстранување на целулитот, покрај диетата се препорачува масажа на местата со целулит, вежби (со истегнување или пливање), правилно длабоко дишење т.е шетање во природа.

Write A Comment