Бакнување на детето во уста за некои е убав чин за изразување на нежност и љубов, а за други необичен, па дури и одбивен. Но, што вели науката за бакнувањето помеѓу мајката и детето?
Нежните бакнежи се најдобриот израз на љубов и посветеност кон друга личност. Иако бакнежите во чело, на образите или на рацете на детето се прифатени во целост, многу родители никогаш не ги бакнуваат своите деца во уста и таа навика ја сметаат за чудна и одбивна. Откако глумицата Џесика Алба, мајка на две девојчиња, изјави дека разбира зошто е чудно некои родители да ги бакнуваат своите деца во уста, а општо е прифатливо да им се допушта на куќните миленици да ги лижат нивните сопственици по лице, мајките од целиот свет остро реагираа на овој став.
Жените кои патат од парадолнтални болести и се изложени на предвремено породување и раѓање на детето во помала тежина. Тоа пак значи дека таквите болести може да имаат негативно влијание на новороденчето, а лесно се пренесува и со плунка.
Американската академија за парадентологија ги советува мајките да избегнуваат бакнување на бебињата во уста, бидејќи во устата на новороденчињата не се присутни бактерии кои предизвикуваат расипување на забите и парадонтални болести, а може да се пренесат со едноставни бакнежи во уста. Имено, кога таа бактерија дојде до устата на детето, таа почнува да го претвара шеќерот во храната и пијалоците во киселина која ги уништува забите.
Затоа академијата тврди дека дури и ако само еден член од фамилијата боледува од парадонтални болести, подложни се сите членови бидејќи плунката се пренесува со бакнување, споделување на прибор за јадење, кашлање, кивање и слично. Исто така, со бакнување може да се пренесат и до 500 различни врсти на бактерии, вклучувајќи ги и оние кои предизвикуваат болести на непцата, а само еден бакнеж помеѓу родителите и децата може да ја пренесе таа болест.
Иако возрасните кои се бакнуваат во уста може меѓусебно да си пренесат бактерии, децата се значително почувствителни бидејќи сеуште немаат развиен имунолошки систем.
