Motherhood

Бебињата не се себични

Бебињата не се себични, имаат чувство за ритам и ги распознаваат странските јазици, показа едно истражување на британските научници.

Истражувањето кое е спроведено со 5.000 бебиња докажано е дека бебињата веќе со навршени 5 месеци можат да го распознаат ритамот. Истражувањето покажало дека бебињата уште пред да научат да седат знаат дали песната е тажна и тогаш тие се нерасположени или пак е весела, и совршена за да се смеат и да мафтаат со рачињата.

Откриено е и тоа дека, новороденче чија мајка зборувала на два јазика во текот на бременоста ја препознава разликата меѓу тие два јазика. Бебињата на возраст меѓу четири и шест месеци разликата меѓу два јазика ја воочуваат визуелно, без присутност на звукот. Често за бебињата и малите деца се вели дека се себични, но истражувањата покажуваат дека бебињата всушност сакаат да делат сè со другите. Тие веќе со 15 месеци имаат чувство за другите и имаат потреба да делат со нив. Ова се само неколкуте сензационални откритија до кои дојдоа стручњаците од Univerzitetоt Misuri по десетгодишните истражувања.

Напиши коментар