Motherhood

Бебињата реагираат на емоции веќе во третиот месец

Бебињата почнуваат да реагираат на емоции од човечкиот глас на само три месеци.

Истражувачите скенирале 21 бебе додека спиеле, а резултатите покажале дека нивните мозоци реагирале на надворешни звуци. До сега било нејасно кога човечкиот мозок почнува да развива способност да процесуира гласови и емоции.

Користеле функционална магнетна резонанца како би снимиле како бебињата реагираат на “емотивни звуци“ како што се смеа и плач, како и на позадинска бука, звук на вода или играчки. Кога пуштале човечки гласови, мозокот на бебињата се активирал како и кај возрасните луѓе. Професорот Declan Murphy од Кралскиот колеџ во Лондон констатирал дека ова откритие ќе го унапреди развивањето на детскиот развој.

– Ова е редок доказ дека постојат специјализирани подрачја во мозокот кои се развиваат рано- рекла Evelyne Mercure, докторка на Лондонскиот University College.

Истражувачите се надеваат дека овие сознанија ќе помогнат да се открие на кој начин се развива аутистичниот мозок во однос на неаутистичниот мозок.

Напиши коментар