Motherhood

Бесмислени митови за бременоста

Со сите ја споделивте радосната вест дека сте бремени, а фамилијата, пријателите па дури и странците ве „бомбардираа “со народни мудрости за блажената состојба. Не се вознемирувајте! Повеќето од тие приказни, иако се интересни, воопшто не се вистинити!

Зачинетата храна може да ве прелаже!

Зачинетата храна може да го предизвика породувањето. „ Во повеќето случаи, трудниците можат да јадат скоро се, но постои одредена храна на која ги предупредуваме да внимаваат или целосно да ја избегнуваат, како што е многу мекото  и не пастеризирано сирење. Тие продукти, иако ретко, може во нив да ја има бактеријата листерија која се поврзува со абортус или со предвремено породување“, истакнуваат Džoan Stoun i dr. Kit Edleman од одделот за пренатална медицина од њујоршкиот медицински центар The Mount Sinainis” и автори на книгата”Pregnancy for Dummies”.

Заблуда за срцевите отчукувања

Ако отчукувањата на срцето се ниски – носете машко, а ако се високи – носете женско.

Претпазливост  без  крај

Ако бремената ги подигне рацете над глава – ќе го задуши детето!

Сексуално суеверие

Страстното водење љубов предизвикува породување. „ Сексот нема да доведе до породување. Ние им советуваме на луѓето да го практикуваат сексот“, вели dr. Stoun. “Вреди да се проба.“

Стари глупости за желудочната киселина

Ако трудницата има често киселини, детето ќе има „многу коса на главата“.

Чувај се од лошо и  од грдо

Ако трудницата виде нешто грдо или страшно, и бебето ќе биде грдо.„ Тоа е двојна лага; прво – за тоа не постојат никакви научни докази, и второ – не постои нешто  што може да се нарече грдо бебе“, вели  Edleman.

За кафето и желбите

Ако детето е родено со бели дамки како од бело кафе, мајка му пиела многу кафе или пак во текот на бременоста не и се исполнила некоја желба. Повторно, само мит!

Убавината е пренослива

Ако на лицето на трудницата се  појават дамки, носи девојче која ќе и ја украде целата убавина. Dr. Stoun вели: „ тоа се шовинистички глупости – Што значи тоа дека девојчето  ќе ја украде убавината на мајка си? – во секој случај, тоа не е вистина, тоа е смешно“.

Горе – доле

Жената  која ја носи својата бременост високо, ќе роди девојче, а во другиот случај детето ќе биде машко. „ Тоа е многу присутен мит, но не е точен, вели dr. Edleman.

„ Во текот на бременоста најдобра стратегија е советите од роднините и пријателите да ги примате со голема резерва и  внимание“, вели dr. Edlemann, а  „советите од  докторот да ги спроведувате во целост“.

Write A Comment