Дизајнерката Каролина Херера на својата нова свадбена колекција ѝ пристапи со премисата која е од централно значење за нејзиниот бизнис: „Венчаницата треба да биде романтична и занесна, тоа е најважниот ден во животот на една жена, па не треба да постои тренд, туку таа да е безвременска, целосно безвременска“. Ова го изјави Херера по претставување на новата колекција на венчаници за пролет 2018. Таа нуди елеганција, романтика и безвременски изглед, преку префинети венчални фустани кои ја следат линијата на телото, имаат предимензионирани и стилизирано панделни и ѕвонести ракави. Покрај традиционалните венчаници со тантела и со балски изглед, во колекцијата има и дводелни комбинации со панталони, лелеаво здолниште од тул и проѕирни кошули.