Motherhood

Бидете „рамо до рамо“ со најмилите… бидете дел од нивниот чудесен свет

Детската доверба не е пишано правило, кое се стекнува со самиот факт…дека сте родители!

Таа се гради, се стекнува и се развива со текот на времето. До тргнувањето во училиште, родителите се единствениот модел на стекнување претстава за светот и опкружувањето и поради тоа, родителите се апсолутен пример… Тогаш, за децата, мама и тато се семоќни, знаат сé и секогаш се во право. Едноставно, родителските одлуки не подлежат на преиспитување. Тие се прифаќаат како единствено и најдобро решение.

Со растењето, децата почнуваат да бараат и аргументи со кои родителите ги оправдуваат нивните барања и одлуки…Всушност, во нив лежи клучот за стекнување доверба, бидејќи ако децата ги излажете или изневерите , децата нема да Ви веруваат, а односот ќе биде сé потежок. Одлучувачки период за тоа е периодот додека децата се помали, затоа немојте да го занемарувате. Токму поради тоа, психолозите ја нагласуваат важноста од константен однос. Тоа значи, да не отстапувате од воспоставените навики при воспитувањето, колку и фамилијата да се наоѓа во „вонредна“ состојба.

Тоа значи дека детето не смее да ги трпи несогласувањата на родителите или пристигнувањето на свет на новото бебе…Децата, во вакви случаи се чувствуваат запоставени, заборавени и занемарени…што води кон недоверба !

Познатиот психолог и аналитичар Ерик Ериксон тврди дека постојат 8 фази на развој на животниот циклус. Првата се вика „ основна доверба“ и се однесува на првите години од животот. Тоа значи дека мајката исполнувајќи ги основните потреби на детето ја стекнува неговата доверба, односно детето веќе ја разбира релацијата и фактот дека мама ќе му помогне да биде сито суво и задоволно. Покажете дека сте рамноправни со децата! Разговарајте со нив, споделете ги дневните настани, преку прилагоден речник и објаснување, не ги прекинувајте, а со тоа ќе воспитате дете, способно да се снајде во сите ситуации !!!

Напиши коментар