Здраво тело

Благ компир за добро здравје

Од неоддамна на нашиот пазар се појави и оваа здрава намирница која во светот и не е некоја голема новост. Благиот компир навидум е како обичниот, но кога ќе го пресечете ќе забележите дека има порокалова боја.

По мирисот и вкусот многу потсетува на тиква. Тој е идеална храна за човекот затоа што обилува со влакна, витамин А, Б6, Ц, бета каротен… Тој е голем извор на јаглехидрати, а има незначителна количина на масти. Се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од вишокот на килограми.

Има многу начини како да го подготвите благиот компир. Варен, да направите пире од компир, вкусни пити со благ компир, сок од благ компир…

Напиши коментар