← НАЗАД НА БОЗА

Боите во хармонија со стилот

Боите во хармонија со стилот
425 Читања

Што да изберам? Се разбира бојата што повеќе ми прилега…

Секоја сезона има бои фаворите според новите модни тенденции, но тоа не значи за да изгледате добро дека треба да ги изберете боите што се ин сезоната. Понекогаш облечени во најубавиот и најскап фустан, не изгледаме онака како што сакаме. Материјалот е удобен и не се гужва, кројот е совршен и идеално ни ја оцртува формата на телото но сепак има нешто што не е како што треба. Многу често ни се случува да се прашуваме која е бојата што најдобро не изразува и застанати пред поредната витрина продолжуваме да се чудиме…На крај избираме повторно нешто неутрално – бело, црно, сиво…

За да се ослободиме од оваа лоша за нашата женственост навика, треба да знаеме која боја што потенцира и каков ефект ќе има, односно која е бојата што соодветствува на нашата физичка природа и даденост.

Традиционално боите се делат на топли ( жолта, оранжева, црвена ) и студени ( зелена, лилава и сина ). Првите се интензивни и дрски и придаваат живот на се околу себе. Со нивната употреба треба да сте предпазливи и внимателни бидејќи тие додаваат на обем. Студените бои пак смируваат, и создаваат чуство на релаксираност.

Важно е да го облечете не само тоа што ви се допаѓа но и она што ќе ја потенцира вашата индивидуалност и расположение. Стилистите препорачуваат да се прават комбинации помеѓу топлите и ладни тонови, за да се избегне доминацијата само на едните. На пример, додека купувате ви се случува да се вљубите во блуза за чија боја сметате дека не ви прилега, но сепак сакате да ја купите, трикот е во тоа да ја искомбинирате со некој додаток како марама, шал или елек, кои ќе ја омекнат студената или топла нијанса на првото парче облека.

Топлите бои се препорачуваат за дами со:

Темнокафена или црна коса

Интензивно црвена или костен боја на коса

Кафејава или зелена боја на очи

Златникава нијанса на кожата

Потемен тен

Студените бои се препорачуваат за дами со:

Светла костен боја на коса

Руса коса

Светло зелана, сина и лешник боја на очи

Сиви или сино-сиви боја на очи

Бела кожа

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk