Секому од нас барм еднаш му се случило да ја испере маицата, панталоните или џемперот, па по перењето да испаднат барем два броја помали. Но со овој едноставен трик, лесно можете да го вратите стариот сјај. Со оглед на тоа дека нема што да изгубите, подгответе неколку ситници и тргнете во акција.
Потребно ви е:
детски шампон
млака вода
два пешкири
Постапка:
Мивалникот наполнете го со млака вода па додадете еднен филџан детски шампон.
Во водата ставете ја облеката па на секои неколку минути малку протриете ја за да се отпуштат влакната во материјалот.
Извадтете ја облеката и со гужвање нежно исцедете ја од водата, но без да ја плакнете.
Голем пешкир раширете на рамна површина па на него рамно ставете ја облеката.
Пешкирот завиткајте го во ролна заедно со облеката.
Одвитакјте го пешкирот, раширете го другиот, сувиот, па облеката преместете ја на него.
Со рацете нежно истегнете ја облеката колку што можете, па оставете ја врз пешкирот да се суши.
Откако ќе се исуши проверете ги резултатите.