ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 ванила
* 2 лажици брашно
* 2 јајца
* 200гр шеќер
* 1 л. Млеко
* обични бисквити
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ставете 800мл млеко да зоврие и додадете го шеќерот. Мешајте се додека шеќерот не се растопи.
- Измешајте ги јајцата и ванилата. Кон нив додадете го млекото со шеќер и мешајте постојано се додека не добиете мазна смеса.
- Скршете ги бисквитите и со нив покриете го дното на соодветна тава. Полиете ги со останатото млеко и со подготвениот крем. Потоа ставете уште еден ред бисквити и повторувајте ја постапката се додека не ги потрошите производите.
- На крајот завршете со слој крем.
- Ставете ја готовата торта да отстои најмалку еден час во фрижидер.