Состојки:
1/2 пакет лиснато тесто
220 г исцедени вишни
70 г темно чоколадо
50 г кафеав шеќер
1 лажица густин
1 јајце
2 лажици вода
Приготвување:
Тестото истенчете го во правоаголник.
Помешајте ги шеќерот и густинот па додадете ги вишните и повторно измешајте.
На средината од тестото распоредете ги вишните со шеќерот и одозгора расфрлете ги парченцата чоколадо. Завиткајте ја како пакетче па префрлете ја на тепсија со хартија за печење со свитканиот дел надолу.
Премачкајте го тестото со мешавина од јајце и вода. На горната површина од тестото направете неколку зарези со нож па поросете со шеќер.
Испечете во загреана рерна.
Јадете додека е топло.