Чевлите од велур кожа станаа вистински хит. Иако овој тип на кожа е многу елегантен, бара и посебна нега и одржување. Ако вашите омилени чевли имаат дамки кои ви бодат очи, решете го проблемот со помош на неколку брзи и едноставни помагала од вашиот дом.
Гума на молив
Овој трик е идеален за дамки од скалите, педалите од автомобилот или слично. Со гумичката нежно тријте ја дамката и со рака отстранете ги трошките кои гумате ги оставила на кожата.
Турпија за нокти
Овој трик се однесува на тврдите дамки од кал. Оставете калта потполно да се исуши и потоа со турпија за нокти нежно протријте ја дамката се додека калта не се претвори во прав.
Вода
Капките од вода можата да остават темни флеки на велур кожата. Овој проблем можете лесно да го решите. Натопете крпа во млака вода и избришете ги чевлите. Бојата на чевлите привремено ќе потемни, но откако ќе се исуши, ќе ја врати нормалната нијанса, а дамката ќе ја снема.
Четка за заби
Велур кожата по долго носење може да изгледа истрошено. Со стара чека за заби нежно исчеткајте ги чевлите, и тоа во спротивен правец од самите влакна.
Алкохолен оцет
За темните дамки на велур кожата употребете го овој трик. Пред да почнете со чистење, на скриено место кај ѓонот ставете капка оцет и почекајте да се исуши. Ако капката не оставила никаков траг, продолжете со постапката. Натопете го врвот од пемучна крпа во оцет и со неа тапкајта по флеката додека не се намокри, оставете ја така кратко да отстои, па пребришете го местото со сувата страна од крпата.
