Доблести како чесноста и интегритетот е поверојатно да бидат наследени од мајките додека храброста и мрзеливоста се сметаат за наследство од татковците – покажало едно истражување направено во Велика Британија од страна на Red Bull TV.
Целта на истражувањето била да утврди како Британците сметаат дека им влијаат нивните родители.
Истражувањето покажало дека татковците им пренесуваат на потомците академски талент, интелект, спортскиот талент, но исто така и гнев, лоши навики и нетрпеливост.
Од мајките е поверојатно да бидат наследени страста кон животот, ентузијазмот и расеаност, како и склоноста кон анксиозност и несигурност.
Жените исто така влијаат на свесност за стил на потомците.