Циметот го зајакнува коренот на влакното и го спречува опаѓањто, а шампањот го враќа сјајот и волуменот на косата. Ако сакате да заблескате, употребете ги овие намирници и нахранете ја косата со маски од вашата кујна.
Шампањот го враќа сјајот на косата. Косата најпрвин измијте ја со шампон, а после тоа со мешавина од пола чаша млака вода и пола чаша шампањ. Не плакнете, косата ќе биде сјајна и полна со волумен.

Циметот ја зајакнува косата. Во сад ставете пола шоља топло маслиново масло и додајте лажица цимет и лажица мед. Кога смесата ќе се олади, измасирајте ја косата со неа и оставете да делува 15 минути. Со овие постапки ќе направите вашата коса да изгледа совршено убава.

