Имаме широк спектар на бои кога е во прашање карминот за усни. Пред да се одлучите за една од боите прво дознајте го значењето за секоја од нив.
Црвена
Црвените усни велат: “Сакам да сум во центарот на вниманието”. Иако вие ќе го постигнете ефектот, сепак мажите се малку скептични околу бакнувањето на таквите усни.

Розова
За разлика од црвената, оваа боја не е толку заводлива. Розовата асоцира на авантура, слободен дух, ја опишува девојката како необична и поинаква од другите.
Виолетова
Девојките кои ја одбираат оваа боја не се плашат од ризик. Темновиолетовите бои на мажите им откриваат дека сте личност која сака да ги прати трендовите.
Боја на кожа
Дамите кои користат неутрални бои на кармин делуваат ладно. На мажите ова не им делува воопшто секси. Ваквите усни им се тотално не привлечни и ги потсетуваат на некој колач со глазура.
Светло портокалова
Зад оваа боја се крие духовита и ведра девојка. Оваа боја ја открива жената која е самоуверена.

Ултра сјајни усни
Сјајните усни прилегаат на младите девојки, оние кои се одлучуваат на оваа варијанта им делуваат многу несериозно и незрело на мажите.
