Габичната инфекција е предизвикана од Candida Albicans – бактерии кои присуствуваат во телото. Во суштина тие се безопасни. Но кога ќе се наруши балансот на метаболизмот, бактериите се размножуваат и предизвикуваат инфекција.
Инфекцијата може да засегне било кој дел од телото, дури и скалпот. Обично бактериите се размножуваат брзо во зоните каде има влага па затоа најчесто тоа е вагината.
Некои експерти се на мислење дека оралните таблети и гелови се само средства што ја блокира инфекцијата за ивесно време, а вистинското лечење е возможно само откако се открие вистинскиот проблем, што ја предизвикал. И покрај овој спор, медицината е најасно дека габичната инфекција се јавува како последица од промена или проблеми со метаболизмот. Поради таа причина додека тој не биде стабилизиран, веројатноста инфекцијата да се врати е голема.
За стабилизирање на метаболизмот се препорачуваат и некои алтернативни средства. Алое вера, кисело млеко, лук, зелен чај и др. Овие продукти имаат антисептични и антибактериски својства. Понекогаш овие дарови од природата можат да ја излекуваат засегнатата област многу побрзо и ефикасно од модерните гелови и таблетки. Секојдневната конзумација на овие неколку продукти ќе ве избави од непријатното чешање таму долу и ќе ја нормализира функцијата на метаболизмот и ќе ве заштити од повторување на инфекцијата.