Стилот на шеесеттите години од минатиот век полека ќе се врати. Шеесеттите даваа нов поглед кон женственоста, храброста да се носат мини здолништа и да се покажат долгите нозе.
Стилот кој тогаш владееше кај девојките ги правеше тие истовремено да изгледаат скромно и проклето примамливо. Шорцеви со кошула, туники со големи јаки, како и Битлски манијата која влијаеше силно на модната индустрија.
Ако сте од оние кои сакате да бидете дел од историјата на модата, обидете се оваа зима да изгледате шармантно во стилот на шеесеттите години.