Motherhood

Дали го слушате Вашето дете ?

Никој не сака да разговара со личност која не слуша. Тој став во принцип важи како и за возрасните, така и за децата. Ако сакате Вашето дете да ве слуша додека зборувате, потребно е и Вие да бидете добар слушател.

Децата кои знаат дека нивните родители ги слушаат, а притоа не ги осудуваат, ќе пораснат со сознанието дека се ценети од страна на родителите. И овде важи аналогијата: „ Ако го почитувате Вашето дете, и тоа ќе Ве почитува Вам“ !

Ви претставуваме неколку совети околу тоа, како да го слушате подобро Вашето дете…

Бидете на негово ниво-  Тоа значи дека понекогаш ќе треба да се наведнете или да клекнете за да го гледате право во очи. Овој контакт е многу значаен.

Помогнете му да се изрази- Малите деца обично имаат потешкотии при изразувањето и опишувањето на нивните чувства, што може да доведе до фрустрации. Кога ќе дојде до тоа, помогнете им во довршувањето на речениците или помогнувајте им во изразувањето: „ Изгледаш вознемирено…Сакаш да ми кажеш што те вознемири? “. Немојте да ги тепате децата- тоа остава последици !!!

Повторувајте ги неговите зборови- Тоа ќе му покаже дека сте го слушале. Исто така, ќе Ви даде повеќе време да размислите за одговорот. Најдобриот можен збор при разговор со дете е зборот „ разбирам“.

Не прекинувајте- Дозволете му да си каже се што мисли, без да го прекинувате. Исто така не дозволувајте и Вас да ве прекинуваат. Немојте да се лутите, едноставно кажете: „ Сега мене ми е ред да кажам нешто, дозволи да завршам“. Понекогаш е од корист и некој предмет да помогне во конверзацијата, на пример плишано мече, кое наизменично ќе го разменувате, а ќе зборува оној кој во моментот го има предметот.

Разговарајте смирено-  Зборувајте со тивок, смирен тон. Тоа на Вашето мало ќе му покаже дека сте смирени и не сте нервозни.

Write A Comment