← НАЗАД НА БОЗА

Дали Шакира и Жерар Пике навистина се разделуваат?

Дали Шакира и Жерар Пике навистина се разделуваат?
29 Читања

Веќе неколку дена низ светските но и нашите медиуми се шират гласини за разделбата на Шакира и фудбалерот на Барселона, Жерар Пике.

ласините започнаа со фактот дека тие долго време не се видени заедно во јавност, па наводно нивната разделба била причина за избегнување на заедничко појавување.

Тие последен пат заедно се забележани на свадбата на Меси, а за веста најмногу шпекулираат шпанските медиуми кои тврдат дека имаат сигурни извори, блиски на парот, кои ја потврдуваат веста.

Наводно, Шакира била таа која решила да стави крај на врската и се иселила од заедничкиот дом во Барселона каде живееја со нивните две деца.

Сепак, по неколку дена веста е демантирана. Имено, менаџерот на Шакира за магазинот „Хола“ изјавил дека сето тоа е лага.

– Врската на Шакира и Жерар Пике е сѐ уште силна. Сѐ е исто – рекол тој.

Во изјавата е додадено и дека оние кои сакаат да му наштетат на фудбалерот, само шират лажни гласини, а причината за тоа можеби е поврзана со моменталната ситуација со Каталонија.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk