Motherhood

Децата кои се занимаваат со спорт ќе бидат подобри ученици

Однесувањето на децата за време на наставата, истражувањата го поврзуваат со физичката активност. Научниците откриле директна поврзаност помеѓу вежбањето и образованието.
Истражувањата се направени на 12 000 деца и потврдено е дека вежбањето ги забрзува протокот на крв и кислород до мозокот. Меѓу другото, физичката активност го намалува стресот и го подобрува расположението, а оттука и самите ученици имаат подобро однесување во училницата.
Децата кои спортуваат…знаат како да ги почитуваат правилата. Таквите деца се многу подисциплинирани и посконцентрирани. Децата мора да имаат физичка активност минимум 1 час дневно. Ова не е правило…ова е здравствена причина. Во пресрет на доброто за Вашите деца, советувајте ги и упатувајте ги во спортска насока…Ќе бидете задоволни од резултатите.

Write A Comment