← НАЗАД НА БОЗА

Десерт без печење: Торта од Орео колачиња и шлаг

Десерт без печење: Торта од Орео колачиња и шлаг
47 Читања

Потребни состојки:

  • 800 g Орео колачи
  • 700 ml слатка павлака
  • 6 лажици шеќер
  • 110 g путер од кикирики
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

1. Во голем сад ставете ја павлаката, па додадете ги шеќерот и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Потоа додадете го путерот од кикирики. Мешајте додека не добиете цврста смеса.

2. Потоа започнете со обликување на тортата, така што најпрво ќе ставите слој од шлагот, па ќе наредите од колачињата. Повторете ја постапката додека имате шлаг и колачиња.

3. На крај декорирајте со искршени колачиња.

4. Откако ќе биде готова ставете ја тортата во фрижидер во текот на ноќта.

5. Пред да ја послужите, можете дополнително да ја декорирате со стопен путер од кикирики.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk