Потребни состојки:
За филот:
½ чаша шеќер
1 лажица пченкарно брашно
½ лажица цимет
1 лажица ванила
2 лажици свеж сок од лимон
4 – 5 праски
½ чаша малини
½ чаша капини (може и смрзнати)
Забелешка: Доколку користите замрзнато овошје ставете уште една лажица пченкарно брашно, дополнително. Тоа ќе помогне да се згусне смесата правилно.
За тестото:
3 лажици путер
1 чаша брашно
12 лажици шеќер
1 ½ лажичка сода
½ лажичка сол
½ чаша млеко ( доколку тестото е премногу тврдо може да доставите дополнително)
Подготовка:
Уклучете ја рерната на максималната температура. Измешајте ги ½ чаша шеќер, пченкарното брашно, циметот, ванилата во еден сад. Во друг сад ставете нека се варат праските со сокот од лимон, ванила, малини и капини и при тоа мешајте постојано, додека смесата не стане густа.
Ставете го путерот во брашното, 12 лажици шеќер, содата и солта и измешајте убаво со миксер додека не добиете смеса од ситни трошки. Шест лажици од трошките ставете во смесата од овошје.
Потоа таа смеса, овошната ставете ја во мали калапи за печење. Одозгора ставете по голема една лажица од трошките кои ги приготвивте. Ставете ги нека се печат 30 минути, додека не се зацрвенат и не потече густиот сок. Послужете ги додека се топли во комбинација со сладолед.