Здраво тело

Детоксикација за почетници

Ако сакате да ги намалите или да ги отстраните токсините од вашето тело, следниве совети за природна и постепена детоксикација можат да ви помогнат во тоа. Детоксикацијата на телото е одличен начин да го подобрите вашето ментално и физичко здравје. Многу болести, хроничен замор и изнемоштеност се предизвикани од зголемено количество на токсини во телото. Тие се присутни во нашата храна и воздухот кој го дишеме. Сакате да го подобрите вашето здравје? Проследете ги следниве совети:

Внесувајте повеќе растителни влакна

Јадете свежо овошје, зеленчук, како и кафеав ориз за отстранување на токсините од вашето тело. Исхраната сиромашна со растителни влакна е причинител на нередовна или тврда столица, бидејќи токсините можат да се акумулираат во вашиот дигестивен тракт. Јадете колку што можете повеќе порции овошје и зеленчук дневно. Ова ги намалува токсините и придонесува за здрав дигестивен тракт.

Ограничете го количеството на шеќери

Премногу шеќер во вашата исхрана може да има токсичен ефект врз вашето тело. Ако консумирате повеќе шеќер, тогаш вашето тело произведува повеќе инсулин. Ова може да го оштети панкреасот и да предизвика хроничен замор. Исто така, големата количина шеќери во телото го зголемува ризикот од дијабетес и вишок килограми.

Бидете активни

Редовното вежбање ја стимулира циркулацијата на крвта и ја поттикнува здравата активност на дебелото црево. Што повеќе се потите толку повеќе токсини од вашето тело се исфрлаат. Вежбањето нека биде дел од вашата секојдневна рутина. Стремете се кон 30 минутна активност дневно, барем пет дена во седмицата.

Осум чаши вода на ден

Прескокнете ги газираните пијалаци и благи сокови. Водата го хидрира вашето тело и го ослободува вишокот натриум. Покрај тоа, водата овозможува здраво варење на храната и ја регулира столицата. Водата го олеснува отстранувањето на непотребните материи од вашето тело, вклучувајќи ги тука и токсините.

Пијте зелен чај

Овој пијалак е преполн со антиоксиданси и помага при регенерација на оштетените клетките во телото. Препорачлива количина на зелен чај е неколку чаши дневно, со цел да се одржи хидрацијата на телото, а воедно и да се намали нивото на токсини. Зелениот чај, исто така, го регулира и метаболизмот, што го прави одличен во битката за губење на вишокот килограми.

Посетете сауна

Посетата на сауна е еден од најбрзите и најдобрите начини да се релаксирате и да го детоксирате вашето тело. Сауната предизвикува потење – а колку повеќе пот, толку помалку токсини во телото. Одвојте си време за сауна по тренингот или поминете неколку часа во локалниот спа-центар.

 

Напиши коментар