Sweet Home

Детската соба и примена на Фенг Шуи во неа

Никогаш не престанува грижата за нашите дечиња. А осовено е важно местото во кое седат поголем дел од денот. Така детската соба има повеќенаменска улога, па така освен за спиење се користи и за игра и за забава со пријателите. Оваа просторија е место во кое се изразува детската среќа, нивната креативност, љубопитност, тага, лутина. Доколку детето не сака да го минува времето и да спие во неа, проверете дали е лош фенг шуи на собата.

Детската соба брзо станува пренатрупана со играчки што делува негативно на расположението и на размислувањето на детето. За складирање на играчките поволни се лесни кутии и сандаци кои се наоѓаат на подот, полици или неколку мали шкафчиња. Висечките кошари за ситни играчки претставуваат практично и декоративно решение. Поттикнете го детето пред спиење да ја уреди својата соба. Сите уништени, стари играчки и книги и облеката која детето ја надраснало отстранете ги од собата.

Одберете кревет кој има заглавје од полн материјал. Креветот со заглавјето треба да биде прилепен до ѕидот и поставен на тој начин што детето ќе може да го види влезот во собата. Поставување на креветот под прозорец или на средина на собата не е поволно.

Присуството на аквариуми, растенија или фонтани треба да се избегнува, бидејќи создаваат неповолна јанг енергија во детската соба. Огледалата исто ја држат “будна” детската соба што претставува проблем во ноќните часови кога детето треба да спие.

При изборот на украсите и мебелот вклучете ги децата и овозможете им да внесат што е можно повеќе идеи во овој простор, дури и да не се по ваш вкус. Добро уредената соба во која вашето дете се чувствува сигурно и пријатнo ќе има позитивно влијание на неговиот развој.

Write A Comment